Уште една вечер исполнета со звуците на традиционалните песни и ора на Литванија, Чешка, Чиле, Германија, Мексико, Турција и Македонија. На сцената на амфитеатарот настапија танчерите и играорците на домашните и странските ансамбли презентирајќи ја својата култура и традиција. Публиката која и оваа вечер беше многубројна, не остана рамнодушна, ги награди со силен аплауз и овации.
На четвртата вечер на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2025, ќе настапат „Распеани велешани“, Ансамбл за народни танци „Јанимале“ Турција, ФА „Филиграни“ Македонија, ФТА „Теа Мас“ Германија, КУД „Јане Сандански“ Македонија, ФА „Росенка“ Чешка, Група за култура „Акаханга“ Чиле, асамбл „Керамичар“ Македонија и КУД „Шумадија“ Србија.











