Во Општина Велес денеска се одржа тркалезна маса на тема „Креирање инклузивна локална заедница“, како дел од активностите на проектот „Инклузија на деца со ПОП“, кој го спроведува „Отворете ги прозорците“ со поддршка на Детската Фондација Песталоци. Четириесетина учесници имаа можност да споделат инклузивни практики, потреби и предизвици со кои секојдневно се соочуваат во работата со децата со посебни образовни потреби. Се дискутираше за потребите од подобрување на пристапноста на училиштата, зајакнување на компентенциите на наставниот кадар, достапноста на услуги на локално ниво како и за подобрување на квалитетот на живот на семејствата со деца со посебни образовни потреби.
На настанот беа присутни претставници од локалните самоуправи, основни училишта, родители и училиште со ресурсен центар, центри за поддршка од оштините Велес, Штип и Куманово.