Денес во посета на Општината заедно со нивната наставничка дојдоа учениците од III-2 одделение од ООУ „Васил Главинов“. Како дел од наставната програма се запознаа со работата на Советот и градоначалникот и ги посетија некои од просториите во кои се одвива нашата работа.
Умните ученици дојдоа подготвени со прашања за градоначалникот Марко Колев и неговата работа како градоначалник, а посебна радост им предизвика присуството на претседателот на Советот, Зоран Љутков, за ним добро познат од улогите во детските емисии.
Децата се нашата иднина! Нашата задача е да бидеме пример за нив и да го направиме Велес поубаво место за живеење!