Се известуваат граѓаните на Општина Велес кои живеат или  транзитираат на улица Белградска на потегот од спој со улица Киро Ќучук до спој со улица Димитрие Чуповски дека почнувајќи од утре – САБОТА 16.08.2025 година па се до СРЕДА -20.08.2025 година да не ги паркираат своите возила на улицата заради потребата од започнување со асфалтирање. Со ова би се  создале услови  за непречено изведување на асфалтерските работи на улицата .