Во чест на Рацин и по повод јубилејни 60. Рацинови средби и годинава се одржува 150 километарскиот ултрамаратон до Лопушник, местото на погибјето на великанот. Тројцата атлетичари, ентузијасти и почитувачи на ликот и делото на Рацин, тргнаа од Велес за да стигнат на Лопушник на 13 јуни, на денот кога во 1943 година е убиен Рацин. Градоначалникот Колев им посака среќа на маратонците и им посака поволни временски услови на патот до Лопушник.

Околу 80 планинари, во организација на ЗГ „Грин пауер“ учествуваа на традиционалниот Планинарски марш на планината Лопушник во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Тие поминаа 10 километри и 700 метри.

Во овој планинарски марш освен 30 планинари од Велес, учествуваа и планинари од Росоман, Штип, Прилеп, Битола, Скопје, Кичево и по еден од Белград и од Франција.

Целта на маршот е оддавање почит на великанот на македонската поезија Коста Солев Рацин познат насекаде во светот по неговите „Бели Муги“, кој трагично загина пред 80 години на планината Лопушник.