Во чест на великанот, Коста Солев Рацин, утрово започна ултрамаратонот до Лопушник, местото на неговото погибје. Петмината маратонци Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски и Данчо Ангеловски од Велес и кумановецот Љубиша Андреиќ, го започаа маратонот од споменикот на Кочо Рацин во дворот на Гимназијата. Тие треба да истрчаат 156 километри до четврток.
Градоначалникот Марко Колев и советници на Советот на Општина Велес ги испратија маратонците и им посакаа поволни временски услови и во добро здравје да го истрчаат маратонот и безбедно да стигнат на местото и на денот на погибјето на Рацин, 13 јуни, каде ќе бидат пречекани од делегација на Општина Велес.
Ултрамаратонот е дел од активностите за одбележување на 81 годишнина од смртта на поетот и револуционер Кочо Рацин.