Користењето на велосипедот како алтернативно презвозно средство, предизвиците во градскиот сообраќај и сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот, беа во фокусот на јавната дебата која вечерва се одржа во дворот на Општина Велес.

Претставници на здруженијата на граѓани од градот, на јавните институции, на приватните компании и на општинската администрација разговараа и споделуваа мислења на вечерашната тема: „Дали Велес има потреба од урбани и off road велосипедски патеки?”.

Градоначалникот Коцевски во своето обраќање пред присутните говореше за развојот на велосипедизмот и велосипедската инфраструктура во и надовр од градот, но и за развојот на јавниот превоз, новите сообраќајни планови за безбедност на пешаците и велосипедистите, како и за потребата од промена на менталитетот кај граѓаните за подобар и современ Велес.

Вечерашниот настан е еден од низата настани преку кои Општина Велес годинава ја одбележува Европската недела на мобилност 2020.