Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

За организирање на јавен увид 

По изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8-инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)кв среднонапонски подземен електричен вод на дел од КП 1019/1, дел од КП 1024, дел од КП 1046, дел од КП 958/1 и дел од КП 988, КО Башино Село.

Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 1172,11 м2 или 0,12 ха, односно приближна должина од 622 м.

Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8-инфраструктури за пренос на електрична енергија 10(20)кв среднонапонски подземен електричен вод на дел од КП 1019/1, дел од КП 1024, дел од КП 1046, дел од КП 958/1 и дел од КП 988, КО Башино Село, ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 дена, од 24.10.2025 до 08.11.2025 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk). Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.

 

Графички прилог

Соопштение за јавен увид