Се прават последните подготовки за стартот на четвртото издание на Спортски игри Велес. На овој спектакуларен спортски настан ќе учествуваат над 640 спортисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Шпанија, Италија, Иран, Куба, Америка, Франција и Ирска, а меѓу нив и познати репрезентативци и европски прваци кои ќе си ги одмерат силите во одбојка на песок, 3X3 баскет, фудбал, тенис и овогодинешниот новитет – текбол.

Градскиот парк ќе биде центарот на 400 спортски натпревари од 3 до 7 јуни. Оние граѓани кои нема да бидат во можност да присуствуваат на спортските настани, ќе можат да ги следат на YouTube каналите на организаторите.

Општина Велес ги повикува граѓаните на Велес да се тргнат од секојдневните обврски и да уживаат во несекојдневните спортски содржини кои од година во година стануваат побројни и поатрактивни.