Успешна реализација на најголемата еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 25“ во Велес. Педесетина учесници од Општина Велес, ЈКП Дервен, ЗГ „Акцијаш ветерани“ и Црвен крст ја исчистија Градската депонија за шут на улица „Павел Шатев“ во населба Керамидна и собраа шест метри кубни отпад или два трактори.  Освен работната рака на терен активна беше и механизацијата на комуналното претпријатие составена од еден липкер, еден булдожер и два тримери.

Во акцијата се вклучија и основните и средните училишта во градот како и Детската градинка „Димче Мирчев“ со чистење на дворовите на институциите.

Еколошката акција „Генералка викенд” е во организација на компанијата „Мен енд Маунтен” со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЗЕЛС, Црвен крст, Пивара, Пакомак, Шпаркасе МК, Нула отпад, Бучим, Макстил, ЕВН и Костал.