Општина Велес и годинава упати голема благодарност до сите учесници во еколошките акции што се реализираа во рамки на проектот „Зелена сончева: Генералка викенд“. Благодарници добија основните и средните училишта во градот, детската градинка „Димче Мирчев“, ЈКП „Дервен“, јавниот сектор.

Во рамки на проектните активности се реализираа неколку акции за чистење и селектирање на отпад на дворните површини на училиштата, градинката и улицата „АСНОМ“ (на потегот од АМСМ до МК Стоби АД Велес).

Проектот „Генералка викенд“  се спроведе на подрачјето на општината во организација на компанијата „Мен енд маунтен“ поддржана од Општина Велес, ЈКП Дервен, министерството за животна средина, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Национални шуми, Пивара Скопје, Пакомак, Шпаркасе и Нула отпад.

Заради успешно реализираната Генералка Викенд, Општина Велес и годинава е избрана за локација, на која, на 27 ноември (во зависност од временските услови), ќе се пошумат повеќе од 50.000 дрвја на површина од 23 хектари во близина на езеро Младост.

Општина Велес со повик до сите граѓани да земат учество во еколошката акција со цел да допринесат во пошумувањето на езеро Младост и во подобрување на животната средина.