Последниот ден, 22 септември, меѓународниот Ден без автомобили, оваа година беше одбележан во соработка со амбасади од повеќе држави, меѓународни организации и Здруженија на граѓани од Велес каде на затворената улица “Никола Карев”велешани од сите возрасни генерации имаа можност да спортуваат, да возат велосипеди, електрични мопеди, да играат друштвени игри и да се рекреираат споделувајќи ги европските вредности и пренесувајќи ја пораката од овој ден, но и од Европската недела на мобилност.

Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни компании кои донираа велосипеди за деца, трицикли, топки за разни спортови, спортски реквизити, освежителни пијалоци и житарки, хигиенски средства и друго, наменети за сите клонови на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, сите општински основни и средни училишта од градот. Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „ Виталиа Никола ДОО”, „Витал БТ”, „Базаро”, „Интерспорт”, „Спорт М” и „Алкалоид АД“ Скопје. Додека пак помагатели и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2022 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Скопје, волонтерите на Младински центар, Велес, ЗГ „Велес бајкинг”, ИО „Димитар Влахов”, МВР-СВР Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Општина Велес изразува длабока почит и благодарност кон сите поединци, Здруженија на граѓани, јавни институции и волонтери за нивно несебично вклучување во реализирањето на сите активноти на ЕНМ 2022.