Велес домаќин на 21. Меѓународен салон на стрип и на 6. Стрип колонија „Велес 2024“. Стрип центар на Македонија и Општина Велес ве очекуваат на свечено отворање утре, 21 август во европска куѓа Велес, со почеток во 20 часот. На настанот ќе учествуваат бројни гости, стрип уметници од земјава и од странство, кои преку изложби ќе се претстават со своите стрип дела пред љубителите на стрипот.
Меѓународниот салон на стрип и Стрип колонијата „Велес 2024“ се дел од програмата на „Велешко лето 2024“.