По повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, во амфитеатарот на Младински парк се одржа „Вечер на староградски песни“. Традиционалната манифестацијата е во организација на Здружението на граѓани „Распеани велешани’“. Пред велешката публика со свои музички точки се претставија ансамблите од Гевгелија, Валандово и Свети Николе кои ја негуваат традиционалната староградска песна и  мелос.

Чествувањето на големиот државен празник продолжува утре, петок, со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата и со целовечерен годишен концерт на ансамблот „Керамичар“ во амфитеатарот на Младински парк.