Во рамки на одбележувањето на 9 Ноември, денот на ослободувањето на Велес, од 11 до 16 ноември, ќе се одржат 59. Детски Рацинови средби, манифестација посветена на творештвото, литературата и уметничкото изразување на најмладите.
Програмата опфаќа литературни, ликовни и грнчарски работилници, книжевни средби, посети на Спомен-куќата на Рацин, како и свечена завршна програма со доделување награди на најуспешните ученици.
Добредојдени се сите љубители на детското творештво и Рациновото дело.


