Овој викенд ГОК „Борец“ го освоија шампионското место на државното првенство за младинци за сезона 2021/22 и на задоволство на градоначалникот Марко Колев денес беа гости во неговиот кабинет. Градоначалникот Колев лично им честиташе за успехот и им искажа благодарност за афирмацијата на градот.
Прекрасно е чувството кога инвестираме во децата и создаваме здрави и успешни генерации. Токму затоа еден од приоритетите на градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, е да се заложи и да ги поддржи ваквите спортски приказни кои неизмерно не радуваат.