Градоначалникот Марко Колев денеска во својот кабинет ги пречека балерините од БС Анабела кои неодамна се закитија со светска титула на WADF Светскиот шампионат во Атина, Грција, освојувајќи прво место со кореографијата на „Трик, трач полка“.
Со посветена работа, дисциплина и љубов кон танцот овие девојки нижат успешни приказни и освојуваат златни медали и пехари низ светот.
Општина Велес се гордее со ваква младина која неуморно чекори по патот на успехот и постојано ќе ги следи и поддржува во нивната мисија.


