Викендов во Велес се одржа Купот на Македонија за младинци и младинки. На Градскиот стадион „Зоран Паунов“ младите атлетичари се натпреваруваа во повеќе дисциплини во машка и женска конкуренција, а на оние со најдобри постигнати резултати им беа доделени награди.

Општина Велес упатува честитки до победниците но и до сите учесници кои изминатите два дена ја исполнија атлетската патека со вистински натпреварувачки дух.