Во чест на бесмртниот Коста Солев Рацин, викендов се одржа четвртото издание на атлетската трка „Трчаме за Рацин’. Неколку стотици учесници се вклучија на детската и на трките од пет и 10 километри. Велешките улици беа преплавени со професионални атлетичари но и сите оние кои кои со своето учество ја покажаа својата почит кон великанот Рацин.
Општина Велес упатува честитки до организаторите, Здружението на граѓани АК Борец но и до сите учесници, публиката која ги бодреше, поддржувачите и сите кои придонесоа за успешна реализација на трката.