Со традиционалното дефиле на учесниците низ велешките улици, вчеравечер започна 21-то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2026. Играорците од различни краеви на светот им приредија вистинско дожување на граѓаните кои со воодушевување ги следеа нивните музички точки додека минеа низ главната улица.
Учесниците продолжија во Амфитеатарот на Младински парк каде свечено ја отворија првата фестивалска вечер. На сцената настапија нашите играорци од Ансамблот „Керамичар“, претставниците на Италија од ФГ „Мишел Грион“, „Македонските бисери од МКУД Австралија, фолклорен ансамбл „Лублин“ од Полска, КУД „Дримхол“ Македонија и фолклорниот ансамбл „Аколмизтли Мацехуани“ од Мексико.
Живописните бои на традиционалните носии но и карактеристичните звуци на фолклорот на земјите учеснички не ја оставија рамнодушна публиката која ги награди со силни аплаузи и овации.
На втората фестивалска вечер граѓаните ќе имаат можност да ги проследат настапите на „Распеани пензионери“ од Македонија, гостите од Мексико, МКУД „Светлост“ од Австралија, КУД „Доситеј Обрадовиќ од Србија, ФА „Лублин“ од Послка, ФА „Даволи“ од Албанија и гостите од Италија.





















