Општина Велес се приклучи кон иницијативата за одбележување на Европскиот ден на органодонаторството, со симболично осветлување на Спомен-костурницата во зелена боја на 9 и 10 октомври.
Зеленото светло, како симбол на Европскиот ден на донаторството, испрати порака за солидарност, хуманост и надеж. Истовремено потсетува на значењето на донаторството на органи, ткива и клетки.
Со оваа иницијатива се испраќа јасна порака за потребата од поголема информираност и подигнување на свеста кај граѓаните за огромното значење на органодарителството и трансплантацијата, кои можат да спасат и значително да го подобрат животот на голем број луѓе.
Велес свети зелено за хуманоста, солидарноста и надежта.