Среќниот фаќач на крстот годинава, на големиот христијански празник Богојавление Водици, 33 годишниот Игор Иванов, денеска заедно со тајфата и Светиот крст ја посети Општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев разговараа за желбата да се биде дел од чинот на осветувањето на водите, за значењето на празникот и плановите во иднина.
„Посакувам симболот кој го претставува овој крст, Господ Исус Христос, сите да не исполни со благослов, здравје и бериќет“, истакна градоначалникот Колев.