Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ вчеравечер во локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа традиционалната Велешка поетска вечер на која учествуваа десетици автори и љубители на поезијата од цела Македонија.

Поетската вечер беше збогатена со настапот на учениците од ООМУ „Стефан Гајдов“ и талентираниот велешанец Христијан Саздовски.

Програмата на „Велешко лето 2026“ продолжува денеска со Street Food Festival и кино на отворено во Младински парк.