Музичко-поетски перформанс со наслов „Езра“ се одржа вчеравечер во Младински парк во рамки на „Велешко лето 2026“. Публиката имаше можност преку библиски мотиви да доживее силен уметнички израз кој поттикнува на инспирација и длабоко размислување.
Програмата на Велешко лето продолжува вечерва со проекција на филмот „Култни кадри – филмови што го обликуваат духот на уметноста“ во Ликовен салон, со почеток во 21:00 часот, во организација на Народен музеј Велес.










