Танцуваме и другаруваме со членките на балетското студио „Анабела“. Во амфитеатарот во Младински парк, вечерва, 20 август, со почеток во 20 часот, анабелките со своите музички кореографии ќе го збогатат Велешко лето. Утревечер пак, 21 август, почнува Меѓународниот салон на стрип „Велес 2024’. Со стрип уметниците и нивните дела можете да се запознаете во просториите на Europe house Велес, во 20 часот.

Една од активностите на Велешко лето ќе биде и Стрип колонијата „Велес 2024“ што ќе се одржи на 22 август, четврток, во Куќата на Касапови со почеток во 10 часот. На 22 август ќе се одбележи и 142 годишнината од смртта на Јордан Хаџи Константинов Џинот. Настанот ќе се одржи во неговата родна куќа со почеток во 20 часот.

Неделава завршува со креативна дружба во дворче со Филип Коруновски. Настанот ќе се одржи на 23 август, петок, во Europe house Велес со почеток во 21 часот.