Македонската рок група АРЕА приреди вистинско летно доживување со концертот што го одржа во саботата на плочата позади ООУ „Блаже Конески“. Велешани од сите генерации играа и пееја на безвремените хитови на групата која остави белег за уште една одлична вечер од „Велешко лето 2025“. Претходно атмосферата ја загреа DJ Zorbital со својот музички сет.
За љубителите на театарската уметност пак во неделата се одржа театарска претстава „Добри луѓе“ на Театар „Златен елец“ на платото пред Костурница.
Велешко лето со исто темпо продолжува и неделава.



















