Во организација на Општина Велес, младите велешани на средба со своите врсници, претставници на Европска куќа од Крива Паланка го одбележаа Денот на Европа 9 Мај.
Во опуштена атмосфера во медиотеката на Локалната библиотека „Гоце Делчев“, разговараа на теми поврзани со значењето на Европската куќа во својот град како и за можностите кои таа им ги нуди на младите.
Овие активности се поддржани од страна на Делегацијата на Европската унија и Европската куќа во Скопје.