Преполн Амфитеатар, одлична енергија и насмеани лица. Ваква беше сликата на стартот на Велешко лето 2025. Стенд ап комичарот Стефан Николовски ја воодушеви публиката со својот хумор, а она што следуваше потоа беше вистински спектакл. Нашиот Мики Секуловски приреди вистинска забава со двочасовниот концерт, пеејќи хитови за сите генерации.
За љубителите на електронската музика во саботата се одржа фестивалот LUMA FEST на платото пред Спомен Костурницата.
Во паркот Каршијака за најмладите во неделата се одржа работилница за деца „Да се биде дете“, а веднаш потоа следуваше настапот на Суперстарс.
Велешко лето продолжува денеска со Кино на отворено со промоција на „Мајнкрафт филм“.













