Во пресрет на Велигденски празници Општина Велес организира Велигденски базар. На тезгите пред Панини, велешките ракотворци ќе ги изложат своите рачни изработки. Граѓаните ќе имаат можност да си купат прекрасно изработени уникатни велигденски изработки.
Базарот ќе се одржи од 4 до 8 април, а на 9 април со сојата креативност ќе се претстават градинките и училиштата кои на граѓаните ќе им ги понудат своите рачно изработени производи.


