Пред платото на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, денеска се одржа хуманитарен Велигденски базар организиран од Општина Велес. На тезгите беа изложени ракотворби со мотиви на најголемиот христијански празник и вапцани јајца во различни бои, изработени од вредните раце на децата од основните и средните училишта заедно со наставниците,како и од волонтерите на ОО на Црвен крст Велес.
Велигденскиот базар предизвика огромен интерес кај граѓаните кои во голем број ги посетија тезгите пред платото на театарот и купија од рачно изработените предмети.
Собраните средства од Велигденскиот базар ќе бидат наменети за хуманитарни цели.