Сеќавајќи се на Богојавление – Водици, денот кога небото се отвори и Светиот Дух слезе врз Господ Исус и оваа година продолжува вековната традиција на фрлање на Светиот крст во водите на река Вардар. На настанот ќе му претходи божествена литургија, а со самиот чин ќе чиноначелствува Митрополит Повардарски г.Агатангел.
За таа цел, се повикуваат сите заинтересирани православни христијани за фаќање на крстот да се пријават во просториите на Повардарска епархија секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а традиционалното фаќање на крстот ќе се одржи во четврток, 19.01.2023 година во водите на река Вардар под Мало мовче со почеток во 11:00 часот.
На најсреќниот учесник што ќе го фати богојавленскиот крст Повардарска епархија и Општина Велес традиционално ќе му врачат пригодни подароци, како и други подароци обезбедени од донатори и спонзори.
Возљубувајќи го Бога да бидеме возљубени, да го одбележиме овој ден во заедништво и богоугодност!