Викендот во Велес беше исполнет со бројуни активносто за сечиј вкус. На памп тракот во Градски парк се одржа велосипедска акција со Pump Track Trail Race, во организација на Македонската асоцијација на аматерски велосипедиски здруженија и клубови од Велес.
Натпреварувачите си ги измерија своите сили и вештини во повеќе категории а најдобрите заслужено добија медали и поддрша од публиката.
Љубителите на добра музика пак имаа можност да уживаат во концертот на музичката група Суперхикс кои со својот препознатлив звук, енергија и хитовите што се пеат во еден глас, приредија вистинско доживување.
„Велешко лето 2026“ продолжува до крајот на август со најразновидни настани и активности за сите категории на граѓани.














