Викендов во Младински парк се одржа второто издание на Street Food Festival. Граѓаните имаа можност да уживаат во вкусот на разновидната храна и пијалоци, што за нив ја подготвија велешките угостители како и во добрата музика на познатите диџеи.

Фестивалската атмосфера дополнително ја збогати и Киноверзум со нивното кино на отворено. Најмладите имаа можност да ги проследат проекциите на интересните анимирани филмови.

Street Food Festival се одржа во рамки на „Велешко лето 2026“.