Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на дератизација на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност:

Општина Велес ја известува јавноста,  од  денес  7 април 2026 година, под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, започна спроведувањето на пролетната дератизација на јавни површини и јавни објекти кои се во надлежност на Општина Велес.

Дератизација се врши два пати годишно во следните неколку дена ќе биде опфатена површина од 150.000 м2, односно сите јавни површини во градот, како и двата брега на реката Вардар, од Башино село до компанијата „Агриа”.

По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот ЛИСА-КОМ МС ДООЕЛ Кавадарци.

Општина Велес ги известува граѓаните дека препаратот кој се користи за дератизацијата е селективен, од сертифициран производител и ја третира популацијата на глодарите. Со одобрение од Министерство за здравство на Република Северна Македонија, за употреба во јавната хигиена, не преставува опасност за останатиот животински свет.