Во завршна фаза е одобрувањето на проект со кој ќе се направи целосна реконструкција на објектот на поранешната Народна кујна, кој ќе се пренамени во ИТ центар за млади таленти.
На денешната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион беше донесена одлука за учество на Центарот во проектот „Креирање на иновациски екосистем за поддршка на можностите за вработување на младите таленти од ИТ секторот во прекуграничниот регион“, одобрен во програмата ИНТЕРРЕГ – ИПА прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција, финансиран од ЕУ.
Финансиската поддршка за Центарот за развој на Вардарски плански регион за имплементација на проектот изнесува 125.179 евра.