Во спортски такмичарски дух помина и вториот ден од најмасовната спортска манифестација Велешки спортски игри. И во текот на вчерашниот ден се одиграа многу натпревари, а многубројната публика ги бодреше и навиваше за своите фаворити кои спортски се бореа за поен повеќе. Натпреварите продолжуваат и денеска, затоа бидете дел од оваа прекрасна спортска манифестација.