Втората фестивалска вечер на ИФФ „Велес 2023“ привлече уште побројна публика со богатиот фолклор на народите. Во преполниот амфитеатар во Младински парк, фолклорни сплетови изведоа ансамблите на Босна и Херцеговина, Хрватска, Мексико, Турција и Македонија.
Покрај богатата програма, организацискиот одбор на ИФФ додели постхумно признание на маестро Милан Завков како долгогодишен пријател на фестивалот чие име остави неизбришлив белег во македонската традиционална музика.
Убавото време ја надополни фестивалската атмосфера а фолклорните ансамбли приредија вистинско уживање за велешката публика.
Фестивалот продолжува и вечер. На сцената на амфитеатарот ќе настапат „Распеани велешани“, културно уметничките друштва од Босна и Херцеговина, Турција, Словачка, Северен Кипар, Мексико и Македонија.