Општина Велес објавува Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади.

Ова тело ќе биде составено од пет (5) членови, а во истиот може да членуваат претставници на: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општината. Предложените лица треба да се жители на Општина Велес, на возраст од 15 до 29 години.

Јавниот повик е достапен на www.veles.gov.mk, во делот „Млади“, на следниот линк.

Сите заинтересирани можат да ги достават документите во архивата на Општина Велес на ул. „Панко Брашнар”, бр. 1, 1400 Велес, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Јавниот повик ќе биде отворен пет (5) работни денови, почнувајќи од петок, 21 октомври, заклучно со петок, 28 октомври 2022 година.

Со почит,

Општина Велес