Свеченото отворање на XVII издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021 е закажано во четврток, 26 август 2021 година на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, со почеток во 20:00 часот.
На фестивалот ќе учествуваат фолклорни ансамбли од Врање, Србија и од Ќустендил, Бугарија како и фолклорните друштва и танцови групи од Велес, Битола и Кочани.
Фестивалот претходно ќе го најави традиционалното дефиле на учесниците низ улиците во градот, кое ќе започне во 18:00 часот.
Оваа година Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес” 2021 ќе има две фестивалски вечери. Истиот завршува во петок, 27 август 2021 година.
Со детални информации за фолклорниот фестивал, јавноста ќе биде запознаена на прес конференција што ќе се одржи непосредно пред почетокот на фестивалот.