Дваесет и четвртата Вардарска регата ќе плови до Солун. Во четврток, на 20 јуни, со почеток во 08:30 часот, од Мало Мовче ќе заплови регатата во чест на солунските атентатори. Учесниците на регатата ќе бидат предводени од Извидничкиот одред „Димитар Влахов“, кои пред да го започнат своето патешествие по водите на Вардар ќе положат свежо цвеќе на споменикот посветен на четиринаесетмината гемиџии кои под каузата „Се арчиме за Македонија“ го доадоа животот за татковината.