Театарската претстава „Зајакот бељаџија“ на Театар Патувалка вчеравечер го наполни Амфитеатарот во Младински парк. Детски џагор и смеа се разлеваше низ просторот. Најмладите со големо внимание и радост ја проследија претсавата со хумористична и едукативна содржина.

Театарската претстава е дел од програмата на Велешко лето 2025 која продолжува со реализација на бројни културни, забавни и едукативни настани за сите генерации.