Со забавни игри и кино гејминкг се релаксираа младите изминатите два вечери во Градскиот парк во Велес. Тие си ги измерија силите во PS5  и добија симболични награди. Потоа уживаа во проекција на популарниот филм „Мајнкрафт“ и првиот  македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“.

Како дел од прогхрамата на Велешко лето 2025, вечерва (среда) со почеток во 20 часот  во Амфитеатарот ќе се одржи детската претстава „Зајакот бељаџија“ на Театар Патувалка.