По вчерашната објава за тешкиот живот на нашиот сограѓанин Бранко Јовановиќ утрово градоначалникот Марко Колев, заедно со Филип Иванов од Евангелска Црква беа да го посетат и да направат она што е во рамки на можностите за да му се помогне.
Градоначалникот од име на Општината му однесе пакет средства за хигиена и училишен прибор за малиот Доне, внукот на Бранко, а издаде и налог на ЈКП Дервен за донирање на дел од деградираните дрва со кои тие располагаат, со што Бранко веќе утрово беше обезбеден со дрва за огрев.
Во заедничка координација со Филип, од негова страна беше обезбеден пакет со храна и средства за подмирување на долгот за електрична енергија.
Во наредниот период Општината на Бранко ќе му додели и еднократна парична помош, а од комуникацијата со Центарот за социјални работи во Велес известија дека одредена помош ќе добијат и од таму.
Воедно, упатуваме апел и до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании да се вклучат во акцијата и заеднички да помогнеме за пристоен живот. Зашто Велес е за сите граѓани!