Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 100 g/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место Велес 2 од 100,00 μg/m3.
Прагот на информирање е надминат во деновите 09.12.2025 и 10.12.2025 година , кога се измерени концентрации од 112,63 μg/m3 и 128,08 μg/m3.
Препораки за граѓаните :
- Да се користи јавниот превоз
- Возила да не се користат без поголема потреба
- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време
- Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
- Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено;
- Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците
- Да се одложат сите активности на отворено
Во продложение , Добри практики за греење на дрва во домаќинствата
https://portal.mdt.gov.mk/post-body-files/promotivni-materijali-file-d8rt.pdf


