Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година – енергетска ефикасност, Општина Велес ќе користи финансиски средства во висина од 2.341.543 денари кои ќе бидат наменети за замена на столаријата во ООУ „Васил Главинов“. Изборот на општини е направен по објавениот јавен повик на Владата на Република Северна Македонија  и рангирање на најзагадени општини во државата.