Започна акцијата за отстранување на хаварисани и приклучни возила како и земјоделски машини од јавните површини. Првата фаза од акцијата „Чист град 2025!“е од превентивен карактер, односно се предупредуваат сопствениците, во определен рок, да ги отстранат своите возила. Во текот на вчерашниот ден службите на Општина Велес во соработка со МВР – СВР Велес залепија известувања на над 100 хаварисани возила во градот.
Општина Велес со апел до сите граѓани кои имаат оставени вакви возила на јавните површини, да ги отстранат, со што ќе придонесат за чист град и здрава животна средина.
Доколку не се отстранат, во втората фаза на акцијата, ќе се преземат репресивни мерки со изрекување на глоба од страна на Општина Велес и МВР – СВР Велес.