Денес стартува новата учебна година, учениците ги исполнија училниците во кои ќе започнат уште една нова приказна исполнета со нови знаења, нови пријателства, детски насмевки и убави моменти.
Општина Велес, на сите ученици и наставници им посакува успешна учебна година, исполнета со љубопитност, истрајност и многу успеси. На оние кои денес за првпат седнуваат во училишните клупи им посакува храбро и безгрижно да зачекорат во новиот свет на знаењето, а на повозрасните ученици – нови достигнувања и уште поголема мотивација.
Нека училишните денови бидат исполнети со знаење, другарство, почит и насмевки.