Започнаа градежните зафати за реконструкција на спортско-рекреативниот комплекс во населба Превалец. Се реконструираат спортските терени и ќе се поставува нова урбана опрема. Активностите се одвиваат согласно предвидената динамика со што по завршувањето на градежните работи и уредувањето на просторот жителите од овој дел на градот ќе добијат убаво, модерно и функционално катче за спорт и рекреација.