Започнаа подготовките за реконструкција на улицата „Петре Прличко“ кај Градскиот пазар. Во тек се земјени работи и подготовка на коловозот пред асфалтирање. Реконструкцијата опфаќа замена на тампонскиот материјал со нов, асфалтирање на коловозот во два слоја. Предвидена е и реконструкција на тротоарите со уличните рабници. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Марко Колев.