Центарот за развој на Вардарски плански регион и фирмата за изведба, АС Машини од Кавадарци денес го потпишаа договорот за изградба на овој регионален центар, прв од ваков вид во Македонија, кој е предвиден да се изгради во наредните 6 месеци. Вредноста на центарот е близу 15 милиони денари, средства обезбедени од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.
Со овој регионален центар системски го решаваме проблемот со кучињата скитници, обезбедувајќи хуман третман за нив, но пред се безбедност за граѓаните.